АНКАРА (АА) – ТУГЧЕНУР ЈИЛМАЗ –
Во рамките на активностите за колонијализам, основајќи колонии, особено колониите во Африка, Франција изврши тешки повреди на човековите права. Масакрите во историјата на Франција продолжуваат да ја вознемируваат совеста на меѓународната заедница.
Франција со колонијалните активности што ги започна во 1524 година, доминира врз повеќе од 20 земји од западниот и северниот дел на Африка.
Триесет и пет отсто од Африка, 300 години беше под контрола на Франција.

Земјите како што се Сенегал, Брегот на Слоновата Коска и Бенин во тие години беа користени како трговски центри на Франција за робови, а исто така беа експлоатирани сите ресурси во регионот.
- Црната историја на Франција во Африка
Во 5-те века на колонијалниот период во регионот и особено по Втората светска војна насилно беа потиснати сите востанија за независност во тие земји, а притоа повеќе од 2 милиони Африканци ги загубија своите животи.
Од друга страна, Франција исто така насилно ги потисна и востанијата на народите кои се бореа во нивните редови, и на кои им беше ветено независност. Колонијалниот период од пет века и војните за независност во регионот ги чинеа животите повеќе од 2 милиони Африканци.
Непосредно пред крајот на Втората светска војна, илјадници Алжирци беа убиени од страна на француските војници во востанијата на Алжирците кои се бореа во редовите на Франција со ветување дека ќе добијат независност. Од настанот во историјата познат како масакрот „8 мај 1945 Сетиф и Гуелма“ до 1962 година, кога Алжир се стекна со независност, насилствата на Франција продолжија на систематски начин.
Во Алжирската војна за независност поради Франција загинаа 1 милион луѓе.
Познато е дека Франција, од 1830 година, врз општеството на Алжир изврши геноцид и од културен аспект. Франција покрај локалниот идентитет на Алжир, во голема мера ја елиминираше и 300-годишната османлиска историја. Голем број културни и верски споменици во земјата ги трансформираше по своја желба.
- Улогата на Франција во најголемиот геноцид во историјата
Франција, исто така, изврши големи повреди на човековите права во земјите каде што имаше политичко влијание.
Беше откриено дека Франција имала улога во геноцидот во Руанда во 1994 година, кој се смета за еден од најголемите геноциди во историјата на човештвото, во којшто загинаа 800.000 луѓе.
Во меѓународните извештаи пишуваше дека пред да се случи геноцидот во Руанда, француските војници не ги оцениле разузнавачките информации и го напуштиле регионот, а некои од француските војници пак, самите ги поддржале масакрите.
Франција, во југозападниот дел на земјата, на 23 јуни ја започна операцијата „Тиркизна“ со цел да се создаде безбедна област за бегалците. Но, наместо да го спречи геноцидот во Руанда, обезбеди оружје и информации за Владата на Хуту, кој го извршил геноцидот. Сè уште има тековни меѓународни судења кои се водат против Франција.
Поранешниот француски претседател, Франсоа Митеран, во интервјуто дадено за весникот „Фигаро“ во 1998 година нагласи: „Не е нешто значајно да има геноцид во тие земји“.
Францускиот сајт „Медиапарт“, во текстот насловен како „Геноцидот во Руанда: Лагите на Франција излегоа на виделина“ објавен во февруари, базиран на документ кој припаѓа на Надворешната разузнавачка единица на Франција (DGSE), пишуваше дека Франција ги крие вистинските одговорни за геноцидот во Руанда, каде што речиси 800.000 Тутси беа убиени од екстремистите на Хуту.
- Франција го спречува пристапот до архивите за геноцид
Франција која е критикувана во меѓународната заедница, а и внатре во земјата поради тоа што ја подржувала Владата на Хуту, кој го изврши масакрот во Руанда, исто така не дозволува пристап и до архивите за геноцид.
И покрај тоа што забраната за „државна тајна“ за архивите од периодот на геноцидот е укината, до нив сепак не може да се има пристап поради втората забрана воведена од поранешниот претседател Митеран.
Познато е дека Уставниот суд на Франција во септември 2017 година го одбил барањето на еден истражувач за пристап до претседателските архиви за време на геноцидот. Истражувачот работел на геноцидот во Руанда.
И покрај сето ова, работниците што доаѓаат од земјите што претрпеле големи загуби во војните за независност водени против Франција, во однос на Французите работат за помали плати и потешки услови за работа.