Gamze Türkoğlu Oğuz
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Во затворот во Калифорнија, на 83-годишна возраст почина Чарлс Менсон, лидер на озлогласениот култ кој изврши масовни убиства во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на казнено поправните домови во американската сојузна држава Калифорнија потврди дека Менсон почина во затворот во округот Keрн, каде што отслужуваше доживотен затвор за убиствата што во 1969 година беа извршени од неговиот култ.
Во својата младост, Менсон често беше во затвор, а во криминалните кругови во 60-тите години формираше култ на хипиците, кој се нарекуваше „Семејството Менсон“.
Токму овие следбеници на Менсон под негова команда масакрираа седум лица во Лос Анџелес. Меѓу жртвите беше холивудската актерка Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која во тоа време беше во доцните фази од бременоста.
Менсон и тројцата сторители на ова злосторство беа осудени на смрт во 1971 година. Тие беа осудени на доживотен затвор една година подоцна, бидејќи смртната казна беше укината во Калифорнија.
Многу од неговите злосторства станаа тема за снимање филмови за криминал во САД.