Mohamed Sabry Emam Muhammed
28 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ДЕРА (АА) - Четвртиот евакуациски конвој кој ги пренесува опозициските борци и цивили од сириската југозападна покраина Дера денес пристигна во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА од подрачјето, конвојот се состои од 10 автобуси кои пренесуваат 450 патници.
Во текот на изминатите денови од Дера во западните области Идлиб и Алепо се евакуирани 2.850 лица.
Минатиот месец силите на режимот започнаа опсежна воена операција во Дера, поддржана од руските воздухопловни сили, што доведе до воспоставување контрола од страна на сирискиот режим и неговите сојузници над поголемиот дел од јужната граница на земјата со Јордан, во согласност со Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и оружените опозициски групи.
Судирите доведоа до голема криза на раселување, во која 350.000 цивили избегаа од Дера кон областите близу јорданската граница.
Во мировните преговори одржани минатата година во казахстанскиот главен град Астана, Дера беше назначена за зона без судири.