Ekip
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
ПРАГА (АА) - Портпаролката на регионалната пожарникарна служба, Владимара Керекова, изјави дека најмалку шест лица загинаа во експлозија во фабрика за хемикалии во Република Чешка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Таа додаде дека во експлозијата која се случи утринава има и повредени лица, но дека сеуште не го знаат точниот број.
Фабриката за хемикалии „Synthos" се наоѓа северно од Прага во градчето Кралупи на Витава во округот Мелник.