Aşkın Kıyağan
02 Декември 2022•Ажурирај: 03 Декември 2022
ПРАГА (АА) - Со Предлог-законот одобрен во Сенатот на Чешка, од следната година во земјата ќе се обучуваат околу 4 илјади украински војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патот за обука на украинските војници во Чешка беше отворен откако во Сенатот беше одобрен и Предлог-законот подготвен од коалициската Влада составена од пет партии во земјата.
Според тоа, украинските војници ќе се обучуваат во Воениот центар за обука „Либава“ во регионот Моравија во Чешка.
Според вестите во чешките медиуми, во 2023 година во земјата ќе бидат обучени околу 4 илјади војници.
Чешката Република, која претседава со ЕУ, даде различна воена поддршка на Украина, која е нејзин сосед.
Со почетокот на војната беше објавено дека бројот на Украинците засолнети во Чешка е над 400.000.