Ali Murat Alhas
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
САНТЈАГО
Најмалку 23 лица загинаа во насилните антивладини протести против зголемувањето на трошоците за живот во Чиле, објави синоќа Државното обвинителство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на социјалните мрежи, Кабинетот на чилеанското обвинителство наведе дека смртните случаи се случиле од 19 октомври, кога е прогласена вонредната состоја, па до 26 октомври. Се истакнува дека 16 лица го загубиле животот поради обид за уцена и грабеж, петмина се убиени во судирите со безбедносните сили, а две во притвор.
„Антивладините протести, кои започнаа како реакција на сега запрениот пораст на цените за превоз за 4 отсто, се претворија во улично насилство на 19 октомври. За време на немирите се уништени 49 метро станици и запалени се 26 автобуси. Низ Чиле се уапсени над 9.200 лица“, велат податоците на Министерството за правда.
Настојувајќи да ги спречи уличните судири, чилеанскиот претседател Себастијан Пинера најави отстапувања, вклучувајќи го откажувањето од зголемување на цените за превоз. Тој вети и зголемување на минималните плати, како и мораториум до наредната година за поскапувањето на електричната енергија.
Податоците на Државната управа за статистика велат дека половина од чилеанските работници месечно заработуваат 550 долари (околу 500 евра) или помалку.