Ekipa
14 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ДОХА (АА) - Член на катарското владејачко кралско семејство вели дека е држен против неговата волја во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во денешното видео на социјалните мрежи, пренесува Anadolu AGency (AA).
Абдула бин Али ал-Тани во видеото вели: „Јас сум моментално во Абу Даби. Бев гостин на шеик Мухамед, но повеќе не сум гостин, јас сум затвореник“.
Иако тој не го именуваше принцот од Абу Даби, Мухамед бин Зајед, неколку медиуми, вклучувајќи ја и Ал Џезира (Al Jazeera), известија дека лицето кое е споменато е шеикот Мухамед бин Зајед.
Абдула бин Али ал-Тани, инаку син на катарскиот емир Али бин Абдула ал-Тани, во видеото вели дека ако нешто му се случи, „Шеик Мохамед“ треба да се смета за одговорен.
„Ми рекоа дека нема да заминам. Се плашам дека нешто може да ми се случи, и Катар да биде обвинет. Јас само сакав да ве информирам дека ако нешто ми се случи, жителите на Катар се невини“, рече тој.
Точниот датум на видеото не може да се утврди.
Во мецес јуни, Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин ненадејно ги прекинаа дипломатските и трговските врски со Катар, обвинувајќи го за поддршка на терористичките групи во регионот.
Катар, од своја страна, ги негираше обвинувањата, велејќи дека обидите се со цел да го изолираат Катар под изговор декa го прекршува меѓународното право.