Atila Altuntaş
29 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Министерот за образование на Шведска, Густав Фридолин, изјави дека фотографиите и снимките на кои се прикажува умирањето на невини деца, постари лица и жени во Алепо се потресни, јавува Anadolu Agency (AA).
„Војната треба колку што е можно побрзо да ја спречиме“, смета Фридолин, кој додаде дека Шведска ќе го стори она што е во нејзина моќ за да го заврши ужасот и да ја спречи војната.
Според неговите зборови, Шведска веќе вложува многу напори за да се спречи крвопролевањето во Сирија.
Шведскиот министер зборуваше и за мигрантската криза и за децата бегалци кои дошле во оваа земја. Тој напомена дека сите деца што стигнале во Шведска следат настава.
„Приватните училишта придонесоа многу за решавањето на проблемот“, појасни Фридолин.