Associated Press
16 Мај 2023•Ажурирај: 17 Мај 2023
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Група вооружени лица упаднаа на фудбалски терен во централно Мексико и убија тројца возрасни и тројца малолетници, соопштија официјални претставници на мексиканската држава Идалго, пренесува Анадолу.
Во соопштението се вели дека во нападот се ранети неколку лица, но локалното население и очевидците не сакаат да даваат информации.
Началникот на локалната полиција Алехандро Росалес рекол дека нападот е изведен во неделата, во градот Атотонилко де Тула, северно од Мексико Сити.
Официјалните претставници не го наведоа мотивот за убиствата, но се претпоставува дека нападот би можел да биде поврзан со спорот меѓу локалното население и група од соседната држава Мексико.
Во септември во слични напади се убиени четири лица во Морелос, јужно од главниот град. Меѓу загинатите во тој напад е и поранешниот градоначалник на градот Јекапистла.