Ammar El Khalfi,Hamdi Yıldız
22 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Ферхан Ал Сауд, истакна дека со Турција имаат добри и одлучни односи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ал Сауд даде изјава за новинската агенција „Ројтерс" (Reuters) измеѓу сесиите во рамки на Самитот на лидерите на Г20 (G20) организиран преку видео-конференција со кој претседава Саудиска Арабија.
Тој нагласи дека нема ниту еден податок за неофицијалниот бојкот на турските производи.
„Со Турција имаме добри и одлични односи“, рече Ал Сауд, додавајќи дека односите меѓу двете земји се добри.
Шефот на саудиската дипломатија истакна дека Саудиска Арабија, заедно со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Бахреин продолжуваат да бараат начин за ставање крај на несогласувањето со Катар, но според него, сакаат да ги елиминираат легитимните безбедносни загрижености.
Пред Самитот на лидерите на Г20, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и саудискиот крал Салман бин Абдулазиз остварија телефонски разговор.