Şenhan Bolelli
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
МАДРИД
Владата на Шпанија која пред една година го призна Хуан Гваидо за „привремен претседател на Венецуела“, сега на него гледа како на „лидер на опозицијата“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членовите на левичарската коалициска Влада во Шпанија одговараа на прашања на опозициските партии во Парламентот во врска со дневните случувања.
Дел од прашањата за време на пленарната седница на Парламентот се однесуваа и на обвинувањата со кои се тврди дека санкциите на Европската Унија воведени кон Венецуела се пробиени со посетата на заменик-претседателот на Венецуела, Делси Родригез на Шпанија, кој по пристигнувањето на аеродромот во Мадрид на 20 јануари се сретнал со шпанскиот министер за транспорт, Хозе Луис Абалос и еден час подоцна со друг авион ја напуштил земјата.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, за Гваидо, кого минатата година го прогласи за привремен претседател на Венецуела, овој пат рече „Сосема е јасен ставот на Владата кон опозицискиот лидер во Венецуела.“
Санчез за првпат за Гваидо го употреби терминот „опозициски водач“, кого на 4 февруари 2019 година го именуваше за „привремен претседател“.
Критикувајќи ги повиците на шпанската опозиција за оставка на министерот за транспорт, Абалос, Санчез тврди дека Абалос ја извршувал својата работа и спречил дипломатска криза.
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалез Лаја, пред неколку дена изјави „Целта на Шпанија за Венецуела не е сменета, но изменета е ситуацијата во оваа земја.“
Поранешниот премиер на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро, се состана со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, при посетата на Каракас на 9 февруари.