Ekip
27 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
МАДРИД (АА) - Шпанската поморска служба за спасување соопшти дека спасила повеќе од 350 мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од службата наведоа дека извлекле 359 лица од седум мали бродови кои спасувачките тимови ги пресретнале денес (сабота) меѓу Шпанија и брегот на северна Африка.
Шпанија оваа година се соочува со зголемување на незаконски миграции, откако земјите на источниот Медитеран ги заострија казните.
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) оваа недела објави дека во 2018 година повеќе од 45.000 мажи, жени и деца влегле во Шпанија преку западниот медитерански пат.
Според податоците на ОН, оваа година животот го загубија 1.960 лица, во обид да го преминат Средоземното Море.