Şenhan Bolelli
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
МАДРИД (АА) - Најмалку три лица со потекло од Мароко се уапсени во антитерористичка акција во Мадрид, поради поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што објавија шпанските медиуми, по налог на обвинителството, рано утрово е извршен претсрес во стан во мадридскиот кварт Ембахадорес.
Притоа, уапсени се три лица по потекло од Мароко, а постојат сомненија дека станува збор за радикални лица поврзани со терористите на ДЕАШ.
Наведено е дека едно од трите осомничени лица имало контакт со припадниците на ДЕАШ во Сирија и Ирак, и дека работело на испраќање нови членови во редовите на терористичката организација.
Во текот на претресот запленети се одредени пишани и дигитални документи во кои се спомнува и самоубиствен напад.
Во Шпанија, од 26 јуни 2015 година се уапсени најмалку 172 лица поради сомененија за поврзаност со тероризмот.
Главниот град на Шпанија од 23 до 28 јуни ќе биде домаќин на ЛГБТ Парадата на гордоста, а се очекува дека тие денови во Мадрид ќе престојуваат над еден милион луѓе. По тој повод во градот се зајакнати безбедносните мерки.