Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
АНКАРА (АА) – Службеници на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) се наоѓаат во Шри Ланка, за да помогнат во истрагата за бомбашките терористички напади врз црквите и хотелите во Шри Ланка за време на велигденските литургии извршени на 8 локации, пренесува Anadolu Agency (AA).
Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Коломбо, во рамките на поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека службеници на ФБИ се пристигнати во Шри Ланка, за помош во истрагата. Оттаму нема подетални информации во врска со тоа.
На денот кога христијаните го чествуваа католичкиот Велигден, цел на терористичките напади беа црквите „Свети Антониј“ во Кочикаде, „Свети Себастијан“ во Катана и црквата „Девица Марија“ во Батикалоа, како и хотелите со пет ѕвезди „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во градот Коломбо.
По овие напади, во предградијата на главниот град Коломбо, во хотел со три ѕвезди во близина на Зоолошката градина во Дехивала и на надвозникот Дематого, исто така, имаше експлозии.
Властите во Шри Ланка објавија дека при терористичките напади животот го загубија 359 лица, меѓу кои и 39 странски државјани, а над 500 луѓе се повредени.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за бомбашките напади.