Cüneyt Karadağ
20 Април 2023•Ажурирај: 24 Април 2023
БЕРЛИН (АА) - Германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер на сите муслимани им го честиташе Рамазан Бајрам, истакнувајќи дека тоа е еден од најголемите верски празници во неговата земја, јавува Анадолу.
Штајнмаер потсети дека муслиманите го поминале Рамазан, месецот на постот, во молитви и дека сега го слават Рамазан Бајрам.
„Се надевам дека многу луѓе од други верувања ќе ја искористат можноста да научат за еден од најголемите исламски празници и да разговараат со муслиманите. Колку повеќе се однесуваме едни со други со љубопитност, отвореност и почит во нашето различно општество, толку повеќе ќе биде нашиот соживот подобар“, рече Штајнмаер.
Тој додаде дека Рамазан Бајрам е и празник на споделување и солидарност.
„На крајот на Рамазан, муслиманите традиционално делат милостина и им даваат подароци на сиромашните и на луѓето во неволја“, рече германскиот претседател.