Erbil Başay
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Претседателот на Германија, Франк-Валтер-Штајнмаер, изјави дека на протестите во таа земја никогаш не било видено насилство какво насилството во изминатите два дена на собирите во Хамбруг кој беше домаќин на 12.Самит на лидерите Г20, јавува Anadolu Agency (AA).
Штајнмаер денес ги посети германските полицајци повредени за време на нередите на улиците во Хамбург, а за новинарите изјави дека за време на нередите биле повредени повеќе од 200 полицајци.
„Денес не им посакав само брзо опоравување, туку во прв ред им се заблагодарив на полицајците за храброста којашто ја покажаа во однос на задачата за зачувување на јавниот ред”, изјави Штајнмаер и додаде дека е изненаден и шокиран од обемот на насилството за време на протестите на антиглобалистите во Хамбург.
Осврнувајќи се на критиките дека Самитот на лидерите Г20 не требало да биде организиран во Хамбург, Штајнмаер истакна дека тоа се неосновани критики, и дека Хамбург бил вистинскиот избор и добар домаќин на лидерите на најразвиените земји во светот.
За време на дводневниот самит на лидерите на Г20 во Хамбург, се одржаа масовни протести за време на кои дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, запалени беа стотици возила и срушени се бариакдите кои полицијата ги постави на улиците.