Adham Kako
04 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
ИДЛИБ/АНКАРА
- Адхам КАКО
Турските војници преземаат акции во подрачјето на Идлиб во Сирија кој се наоѓа наспроти турскиот град Хатај, со цел да го спречи раселувањето на 4 милиони цивили од овој град и да одржи релативно безбедно опкружување, пишува Агенција Анадолија (АА).
Додека силите на режимот на Башар ал Асад кои се поддржани од Русија и Иран продолжуваат со нападите врз цивилите во Идлиб, Турција се обидува по воен и дипломатски пат да го спречи насилството и бегалскиот бран.

Како последно, силите на режимот на Асад извршија напад врз турските елементи во Идлиб, при што животот го загубија 8 лица, од кои 7 војници и 1 цивил, со што уште еднаш на дневен ред дојде присуството на Турција во регионот.
Новинарот на АА случувањата во Идлиб ги претстави преку 10 прашања.
1. Каде се наоѓа Идлиб?
Идлиб, со популација од 4 милиони лица се наоѓа на територијата на Сирија, наспроти турскиот град Хатај. Територијално Идлиб се наоѓа во северозападниот дел на Сирија.
2. Каква е задачата на турските војници во Идлиб?
Поради нападите на режимот на Асад, Русија и Иран, жителите на Идлиб интензивно бегаат кон границата со Турција. Турските војници се обидуваат да создадат безбедна средина, со цел да го спречат милионскиот бегалски бран. Преку контролните пунктови турските војници се грижат за спроведувањето на прекинот на огнот.
3. Дали постои меѓународна основа за турското воено присуство?
Турските воени единици се позиционирани во Идлиб врз основа на Договорот од Астана постигнат со Русија кој е гарант на режимот на Асад и со Иран.
4. Како Русија и Иран ги спроведуваат меѓународните договори?
Дете земји кои се потписнички на договорот, заедно со Турција, наместо да ги спречат нападите на силите на режимот на Асад, тие земаат активно учество во нив.
5. Што се обидува режимот на Асад да направи во Идлиб?
Режимот на Асад, со помош на Русија и Иран, се обидува целото население на Идлиб да го протера кон границата со Турција. Се напаѓаат цивилни населби. Населението на Идлиб го смета за терористичко. Меѓу вооружените групи не се прави разлика на опозиција и радикални групи.
Во нападите што режимот и неговите поддржувачи ги извршија од потпишувањето на Договорот од Сочи на 17 септември 2018 година, досега животот го загубија повеќе од 1.800 цивили.
6. Што прави Иран во Идлиб?
Иран, терористичките групи составени од милициите припадници на Иранската револуционерна гарда кои се донесени од Иран, Авганистан и Пакистан, ги користи против цивилите и вооружените групи. Групите кои се составени од илјадници терористи, поради своите секташки верувања, уверени се дека водат света војна.
7. Колкава е бројката на цивили кои мигрирале од Идлиб?
Само од почетокот на 2019 година досега, 1.640.000 цивили, поради бомбардирањата и постојаните напади избегаа во близина на границата со Турција. Заедно со оние кои мигрираа пред 2019 година, оваа бројка надминува 2 милиони.
8. Зошто режимот на Асад ги нападна турските војници?
Постоењето на турските војници претставува пречка за режимот на Асад и терористичките групи поддржани од Иран, кои со заплашување се обидуваат да го натераат цивилното население да мигрира кон границата со Турција. Затоа сакаат Турција да го напушти регионот.
9. Што направи Турција против овој напад, што презема?
По нападот изведен од страна на силите на режимот, турските воени елементи стационирани во Идлиб со 100 топовски и минофрлачки гранати нападнаа 54 позиции на режимот. Во таа операција неутрализирани се 76 припадници на режимот. Повеќекратно се возвраќа на режимските елементи кои се закануваат.
10. Како турската армија го поддржува своето присуство во Идлиб?
Турската армија, преку местото Рејханли во турската област Хатај, организира конвои од тенкови, оклопни возила и персонал кон контролните точки во Идлиб, обезбедувајќи воена и логистичка поддршка. Турските воздухопловни елементи во координација со Русија влегуваат во регионот.