Aida Cako
25 Јули 2025•Ажурирај: 28 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Шумски пожар избувна во текот на ноќта помеѓу градовите Партинико и Сан Џузепе Јато на островот Сицилија, по друг пожар во близина на Палермо претходниот ден, јавува Анадолу.
Италијанската противпожарна служба распореди повеќе возила и екипи кои работеа во текот на ноќта за да го локализираат пожарот.
Повремено, пожарот се приближуваше до населените подрачја, а дел од обработливото земјоделско земјиште е зафатено.