Ahmet Furkan Mercan
08 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
ТОКИО (АА) - Снежен рак на аукција во јапонската префектура Ишикава е продаден за 5 милиони јапонски јени (44 илјади американски долари), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на новинската агенција „Кјодо“ првиот лов на ракови во сезоната започна во пристаништето Каназава на Јапонското Море.
На аукција, снежниот рак долг 14,5 сантиметри и тежок 1,5 килограми е продаден за 5 милиони јапонски јени.
Се истакнува дека купувачот на ракот е готвач во ресторан на компанија која работи со спа-центри во државата.