Ahmet Furkan Mercan
24 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ТОКИО (АА) - Владината делегација и членот што ја претставува јапонската Влада нема да бидат испратени на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По одлуката на САД и Велика Британија за дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година, и јапонската Влада го соопшти нејзиниот пристап.
„Не планираме да испраќаме владини членови и делегации“, рече Мацуно Хироказу, главниот секретар на Кабинетот.
Мацуно на одржаната прес-конференција истакна дека наместо тоа ќе присуствуваат претседателот на Организацискиот комитет на Токио 2020, Хашимото Сеико и претседателот на Јапонскиот олимписки комитет (JOC), Јамашита Јасухиро.
На прашањето дали спроведуваат дипломатски бојкот, Мацуно одговори: „Не користиме посебен термин за да опишеме како учествуваме.“
„Јапонија смета дека е важно Кина да гарантира универзални вредности како што се владеење на правото, почитување на основните човекови права и слобода“, рече Мацуно.
Тој исто така додаде дека Јапонија се надева дека игрите во Пекинг ќе бидат одржани во олимписки дух.
- Дипломатски бојкот на Олимпијадата -
Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година во Пекинг, главниот град на Кина.
САД, Велика Британија и Австралија најавија дека ќе спроведат дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 поради практиките на Кина против ујгурските Туркијци и кршењето на човековите права.