Ömer Koparan
11 Април 2019•Ажурирај: 12 Април 2019
АЗАЗ (АА) – Настана конфликт помеѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и Слободната сириска војска (ССВ), при обидот на терористичката организација да се инфилтрира во фронтот на ССВ, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите ЈПГ/ПКК, позиционирани во Тел Рифат, во западниот дел на Маре, синоќа во доцните часови се обидоа да се инфилтрираат во фронтот на ССВ во провинцијата Маре, во северна Сирија, контролирана од опозицијата.
Конфликтот, кој започна со одговор на ССВ, траеше околу 3 часа. Се дознава дека терористичката организација ЈПГ/ПКК има загуби.
На 2 април организацијата со теледиригирани проектили во Маре испука проектил врз градежната машина која припаѓа на локалната општина.
ЈПГ/ПКК повеќе од три години одвреме-навреме ги напаѓа окупираните територии во Тел Рифат, Азаз, Баб, Џарабулус, Маре и Африн.