Selen Temizer
15 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК упадна во едно село во Сирија на границата со Ирак и уапси 5 члена на Курдскиот национален совет во Сирија (ENKS), јавува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава од Курдскиот национален совет, терористичката организација ЈПГ/ПКК на 4 април упаднала во селото Бани Шефти, во областа Дерик, во близина на границата со Ирак.
Терористите, заканувајќи се ги контролирале младите, а потоа уапсиле 5 члена на Курдистанската демократска партија, поврзана со Курдскиот национален совет во Сирија. Тоа се лицата: Басам Абдулкадир, Сибан Мухамед Ахмед, Нури Јусуф Хангар, Рашид Махтач Омер и Миван Абдулах Келеш.
Терористите ги затвориле опозициските курдски политичари пред очите на селаните, со употреба на прекумерна сила и оружје.
„Како Курдски национален совет ги осудуваме терористичките дејства врз курдските граѓани и особено врз Курдскиот национален совет на Сирија. Ја повикуваме меѓународната заедница, организациите за човекови права и курдските партии да направат притисок врз ПЈД“, се истакнува во соопштението.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која контролира една третина од Сирија, во тие области не дозволува да има опозиција.
Терористичката организација претходно неколку пати затвори членови на Курдскиот национален совет, запали или пак, ги затвори канцелариите на политичките партии.