Emre Aytekin
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
ЏУБА (АА) - Во североисточниот дел на Јужен Судан, во сојузната држава Џонглеј, вооружена група крадци на говеда нападнаа номадско племе кое се занимава со сточарство, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за информации на сојузната држава Џонглеј, Џекоб Акеч Денгдајт, за АА изјави дека вооружената група дошла од соседната сојузна држава Бома. Во обидот да ја украдат стоката на едно племе во областа Дук Пајуел, убиени се 40 лица, а 19 се ранети. Се дознава дека биле киднапирани и голем број жени и деца.
Министерот Денгдајт информираше дека вооружената група украла повеќе од 1.000 говеда и додаде: „И покрај сите напори на владата да спроведе мир меѓу заедниците, криминалците кои доаѓаат од Бома, продолжуваат да предизикуваат катастрофи“.
Во постојан подем се тензиите меѓу племињата во сојузните држави Џонглеј и Бома. Кражби на говеда, киднапирање деца, групно силување и масакри меѓу номадските племенски заедници кои се занимаваат со сточарство, предизвикуваат појава на случаи на крвна освета.
Последниот инцидент е пример на масовно насилство што се случува меѓу непријателските племиња.
Со цел да се стават под контрола судирите меѓу племињата, претседателот Салва Кир во јули прогласи вонредна состојба во некои делови од земјата и се обиде да ги разоружа цивилните групи, но прогласувањето на вонредната состојба не ги запре меѓуплеменските судири.
И покрај напорите на Владата, во племенски судири од почетокот на оваа година досега загинаа повеќе од 500 лица.
Граѓанската војна што се води во последните 3,5 години во Судан, предизвикаа тензии и судири меѓу племињата во земјата.