Ekipa
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ЏУБА (АА) - Локален официјален претставник изјави дека денес при пад на авион во езеро во Јужен Судан загинале 21 лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за информации, Табан Абел Агуек, во градот Јирол изјави дека комерцијалниот авион со 19 седишта бил преоптоварен и дека полетал од главниот град Џуба.
Тој додаде дека официјалните претставници ја истражуваат причината за падот на авионот,
„Преживеаја три лица, меѓу кои шестгодишно момче, возрасен маж и италијански доктор од една хуманитарна организација, кој е итно опериран и се наоѓа во тешка состојба“, изјави Агуек.
Јирол се наоѓа во централниот дел на Јужен Судан.