Zehra Ulucak
04 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Десет лица го загубија својот живот во тајфунот Митаг кој вчера ги погоди јужните и источните делови на Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“, во катастрофите и несреќите предизвикани од тајфунот Митаг кој со себе носеше поројни дождови и силни ветрови, загинаа 10 лица, додека 4 лица се водат како исчезнати.
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Јае Ин, преку социјалните мрежи изрази жалост поради жртвите во овој тајфун, барајќи од неселението да им помага на лицата кои се погодени од оваа катастрофа.
Инаку, властите вчера соопштија дека од местата погодени од тајфунот евакуирани биле над 1.500 лица.
Во Бонгва вчера воз излезе од шини како резултат на настанатото свлечиште, додека некои улици беа затворени за сообраќај поради поројните дождови.
Поради тајфунот, низ земјата биле одложени бројни поморски и воздушни линии, а прекината е и наставата во училиштата.
Во над 44.000 домаќинства бил предизвикан прекин на електрична енергија, но 82 отсто од овие домаќинства подоцна добиле електрична енергија.