Ekipa
22 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека е потребна контрола на ирската граница доколку Велика Британија го напушти блокот без договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јункер за „Скај њуз“ („Sky News“) денес изјави дека ЕУ треба да се осигури дека ќе бидат зачувани интересите на Европската Унија и на внатрешниот пазар.
Како да се зачува границата без одредени несогласувања меѓу европската членка Ирска и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, е најжестокото прашање во дискусиите за Брегзит.
Јункер нагласи дека без постоење на граница по солуцијата Брегзит без договор, животно што ќе влезе во Северна Ирска ќе може да влезе во ЕУ преку Ирска без каква било контрола.
„Тоа нема да се случи. Мора да го зачуваме здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, изјави Јункер.
Велика Британија треба да го напушти блокот на 31 октомври.