Ekip
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Повеќе од 100 патници се спасени од насукан траект во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Евакуацијата се случи во вчеравечер во локално време, кај пристаништето во Долен Менхетн.
Американската крајбрежна стража објави дека траектот пловел кон њујоршката област Квинс кога се насукал.
Полицајците и спасувачките тимови се упатија на местото на настанот.
Нема информации за повредени, а властите започнаа истрага.