Bedrudin Brljavac
22 Јули 2024•Ажурирај: 23 Јули 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, објави дека се повлекува од трката за претседател на изборите закажани за 5 ноември, известува Анадолу.
Бајден на социјалните мрежи објави порака со која официјално потврди дека се повлекува од претседателската трка.
Тој нагласи дека е во најдобар интерес на Демократската партија да се повлече од трката и да се фокусира исклучително на исполнувањето на должноста претседател до крајот на мандатот.
„Ова беше најголема чест во мојот живот, да служам како претседател. Додека се подготвувам да ѝ се обратам на нацијата оваа недела и детално да ја објаснам мојата одлука, сакам да искажам најдлабока благодарност до сите што напорно работеа повторно да бидам избран. Сакам да ѝ се заблагодарам на потпретседателката Камала Харис за тоа што беше извонредна соработничка во оваа активност. Искрена благодарност сакам да му изразам и на американскиот народ за вербата и довербата што ми ја укажа“, рече 81-годишниот Бајден.
Претседателот Бајден последните недели се соочува со сѐ поголем повик да се повлече поради загриженоста поради неговите години, здравјето и способноста да ја води државата.