Muhammed Enes Çallı
23 Октомври 2019•Ажурирај: 24 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Шпанската фудбалска федерација денеска објави дека познатиот дуел „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе биде одржан на 18 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Најочекуваниот шпански фудбалски дуел „Ел Класико“ ќе се одржи на 18 декември во „Камп Ноу“.
Претходно „Ел Класико“ беше закажан да се одржи на 26 октомври. Сепак, Шпанската фудбалска репрезентација одлучи да го одложи дуелот поради насилните протести во Барселона, Каталонија.
Одлуката да се одржи дуелот на 18 декември е донесена откако Реал Мадрид и Барселона постигнаа договор за новиот датум.
Илјадници демонстранти протестираа како реакција кон шпанскиот Врховен суд кој изрече казна за сепаратистичките лидери поради нивната улога во неуспешниот обид за добивање независност од Шпанија пред две години. Девет политичари и двајца активисти ќе отслужат казна помеѓу 9 и 13 години.
Протестите беа проследени со насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите за независност на Каталонија.