Hüseyin Burak Demirer
25 Август 2020•Ажурирај: 27 Август 2020
АНКАРА (АА) - Истанбул ќе биде домаќин на 14. трка од Светското првенство во Формула 1 во 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патеката „Истанбул парк“, каде трката во Формула 1 за последен пат се одржа во 2011 година, повторно е вклучена во ревидираниот календар поради новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Според информацијата на веб-страницата на Формула 1, 14. трка од првенството ќе се одржи на 15 ноември на патеката долга 5,3 километри во Тузла.
Покрај тоа, 15. и 16. трка од сезоната ќе се одржат во Бахреин (29 ноември и 6 декември), а 17. и последна трка во Обединетите Арапски Емирати (13 декември).
Истанбул седум години по ред, од 2005 до 2011 година, се наоѓаше на календарот на трките во Формула 1.