Doga Kirmizioglu
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Тренерот Жозе Мурињо, кој во првите три кола од англиската Премиер лига со екипата на Манчестер Јунајтед доживеа два порази, во последно време се најде на дневен ред во Англија и поради недоразбирањата што ги има со претставниците на медиумите, пренесува Anadolu Agency (AA).
По поразот од Тотенхем на домашен терен со разултат 3 : 0, на прес-конференцијата организирана по натпреварот, Мурињо истакнувајќи дека очекува почит изјави: „Натпреварот го загубивме со 3 : 0. Исто толку шампионски титули имаме во Премиер лигата. Повеќе од сите преостанати 19 технички дирекори во лигата. Јас имам 3, останатите 2 шампионски титули. Треба да покажете почит кон мене, почит, почит, почит...“, и ја напушти прес-конференцијата.
Британскиот печат упати остри критики кон 55-годишниот португалски фудбалски стручњак, кој средбата со новинарите пред натпреварот ја одржа половина час пред закажаното, поради што голем број новинари не присуствуваа на конференцијата. Покрај тоа, Мурињо одговарајќи кусо, 13-те прашања на новинарите ги одговори за 4 минути и 19 секунди, со што ги даде најкратките објаснувања во својата професионална кариера.
Британскиот весник „Мирор“ („Mirror“) потсети дека годинава Манчестер Јунајтед го има најлошиот старт на сезоната во последните 26 години и ја даде следната проценка: „Мурињо дојде до работ на бездната. Доколку има уште еден лош резултат, тоа би значело крај за него на Олд Трафорд“.
Од друга страна, „Би-би-си спорт“ („BBC Sport“) истакнува дека тензиите меѓу Мурињо и преставниците на медиумите се одразиле врз екипата. „Постои недоразбирање меѓу португалскиот тренер и играчите и тие на теренот играат без волја. Можеби кариерата на Мурињо како фудбалски тренер е извонредна, меѓутоа екипата игра многу просечен фудбал“, е гледиштето на „Би-би-си спорт“.
„Дејли мејл“ („Daily Mail“) посочува дека Мурињо, кој очекува почит, всушност со својот став и однесување прави големо непочитување кон претставниците на медиумите. „Екипата од тактички аспект е лоша, голем број играчи играат во погрешни подрачја. Засега може да се забележи дека Манчестер Јунајтед не е на ниво да се натпреварува со Манчестер Сити или Ливерпул. Мурињо го доживува најлошиот период во својата кариера и со мајсторски чекори го подготвува својот крај“, се вели во написот на „Дејли мејл“.
„Дејли стар“ („Daily Star“) тврди дека на местото на Мурињо, Манчестер Јунајтед планира да го донесе Французот Зинедин Зидан, кој беше тренер на Реал Мадрид, и со оваа екипа во последните три сезони трипати ја освои титулата првак на Лигата на шампиони.