Hüseyin Burak Demirer
03 Септември 2021•Ажурирај: 04 Септември 2021
МОНТРЕАЛ (АА) - Мексиканската боксерка Жанет Закаријас Запата почина пет дена по дуелот на кој беше поразена со технички нокаут од нејзината противничка од Канада, Мари-Пјер Хул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бокс-мечот одржан во првенство во канадскиот град Монтреал, заврши со смртен случај.
Шестиот меч на 18-годишната Закаријас Запата беше и нејзиниот последен меч.
Мексиканската боксерка во 4. рунда падна на земја откако прими последователни удари од нејзината противничка.
Закаријас Запата беше поразена со технички нокаут, а поради ударите беше пренесена во болница.
Веста за нејзината смрт преку Твитер ја потврди организаторот не бокс-мечот, Ивон Мичел.