Elvir Hociç
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
МЕЛБУРН (АА) - Вториот рекет во светот, Роџер Федерер, го победи 19. играч на АТП листата, Томаш Бердих и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен (Australian Open), јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарскиот тениски ас Федерер, доминираше во текот на натпреварот и постигна победа со 3:0 во сетови (7:6, 6.3 и 6:4).
Бердих даде најголем отпор во првиот сет, но подоцна Федерер дојде до својата игра и победи рутински.
Федерер до полуфиналето на првиот Гренд слем стигна без загубен сет, а за влез во финалето, противник ќе му биде изненадувањето на турнирот, Јужнокореецот Чунг Хјон.
Во второто полуфинале ќе играат најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ и Американецот Тенис Сандгрен.