Elvir Hociç
21 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
МЕЛБУРН (АА) - Првиот рекет на светот, тенисерот Новак Ѓоковиќ го освлада рускиот тенисер Даниил Медведев и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен, јавува Anadolu Agency (AA).
Српскиот тениски ас Ѓоковиќ, во четвртото коло на Гренд слем турнирот во Австралија, со резултат 3:1 (6:4, 6:7, 6:2 i 6:3) по сетови го совлада 15. носител на турнирот Медведев.
Првиот носител на турнирот Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија Опен ќе игра против Јапонецот Кеиј Нишикори.
Нишикори денес во маратаонски натпревар со резултат 3:2 по сетови го совлада Шпанецот Пабло Карењо Буста.