Hakan Çopur
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Победник во финалето полно со возбудувања и нов шампион на тенискиот турнир УС Опен, што се одржа во американскиот град Њујорк, е Австриецот Доминик Тим, кој со 3:2 во сетови го совлада германскиот тенисер Александар Зверев, јавува Агенција Анадолија (АА).
На тенискиот стадион „Артур Еш“ во Њујорк се одигра финалето на грен слем турнирот УС Опен во машка поединечна конкуренција. Како победник од ова финале излезе вториот носител на турнирот, Австриецот Тим.
Натпреварот започна лошо за дваесет и седумгодишниот Тим, кој за првпат во својата кариера освојува еден грен слем турнир. Зверев поведе со 0:2 (2:6 и 4:6 по сетови), но Тим успеа да се врати во игра освојувајќи ги следните 2 сета (6:4, 6:3). Во последниот, решавачки сет, по нерешениот резултат од 6:6 се играше тај-брек, во кој поуспешен беше Тим и со 8:6 го освои победоносниот гем за 3:2 во сетови и за титулата шампион на УС Опен.
Во натпреварот полн со возбуда, што траеше четири часа, Тим влезе во историјата на УС Опен како прв играч кој по 71 година успеал да победи на овој турнир по негатива од 0:2 во сетови.