Emrah Oktay
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ТОКИО
Американскиот пливач Кејлеб Дресел освои златен медал на Олимписките игри во Токио 2020 во дисциплината 50 метри слободен стил, соборувајќи го досегашниот олимписки рекорд, известува Агенција Анадолија (АА).
Дресел во финалето постигна време од 21,07 секунди, со што постави нов олимписки рекорд, што досега беше во сопственост на Бразилецот Цезар Сиело, кој постигна 21,30 секунди на Олимписките игри во Пекинг 2008 година.
Ова е четврти златен медал во Токио за Дресел (24), кој претходно се закити со злато и во трката на 100 метри слободно, 100 метри пеперутка и во штафетата 4х100 метри слободно.
Второто место и сребрениот медал на трката на 50 метри слободно ги освои Французинот Флоран Манаду со време од 21,55 секунди, додека бронзата му припадна на Бразилецот Бруно Фратус со време од 21,57 секунди.