Şenhan Bolelli
02 Јуни 2022•Ажурирај: 03 Јуни 2022
МАДРИД (АА) - Реал Мадрид потпиша договор со германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шпанскиот клуб соопшти дека со 29-годишниот Рудигер потпишан е четиригодишен договор.
Рудигер во последните пет години играше за англискиот тим Челси, а неговиот договор истече на крајот од оваа сезона.
Германскиот фудбалер пред медиумите ќе биде претставен на 20 јуни.