Doga Kirmizioglu
16 Декември 2017•Ажурирај: 17 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Екипата на Барселона и аргентинската ѕвезда Лионел Меси помогнаа, соништата да станат реалност за 18-годишната Хуџин Мустафа, бегалка од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На твитер профилот на каталонскиот клуб објавено е видео за младата сиријка Нуџин, која е страствен навивач на Барселона и голем фан на Меси. Нуџин се запознала со тимот на Барса и имала можност на стадионот на Ноу Камп да следи натпревар на Барселона.
Нуџин е родена во Алепо, а која поради церебрална парализа од раѓањето се наоѓа во инвалидска количка. Поради војната во Сирија, во 2015 година, минувајќи низ многу земји, пребегала во германскиот град Келн.
Својата животна приказна за тешкото бегалско патување до Германија, Хуџин ѝ го раскажа на британската новинарка Кристин Лемб, која објави книга за младата Сиријка. По објавувањето на книгата, Нуџин привлече големо внимание на светскта јавност.
Екипата на Барселона и нејзините играчи, чиј симпатизер е Нуџин, се погрижија да ја израдуваат Сиријката.
Автобусот со кој се возат играчите на Барселона, пристигна пред нејзината куќа во Келн и ја одведе младата Нуџин на патување во Шпанија.
Потоа Нуџин имаше можност на стадионот Ноу Камп да го следи натпреварот меѓу Барселона и Селта Виго, каде на подарок доби дрес со свое име.
По натпреварот беше пречекана од фудбалерите на Барселона, меѓу кои се наоѓаа и Лионел Меси, Андреас Иниеста, Луис Суарез и Жерард Пике.
Меси за време на средбата ѝ посвети особено внимание на Нуџин, подарувајќи и дрес со свој потпис, додека таа на играчите на Барселона им ја подари книгата за својот живот.
„Ова е најубавиот ден во мојот живот. Многу им се заблагодарувам на Барселона и Меси за ова големо изненадување”, на крајот рече младата Сиријка.