Şenhan Bolelli
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
МАДРИД (АА) - Фудбалерот Герет Бејл, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид до сезоната 2021/2022, рече дека кралскиот клуб го променил професионално, но исто така и како човек, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кога дојдов, сакав да бидам успешен и да освојувам трофеи. Продолжувањето на договорот беше како во сон. Јас сум многу среќен и се надевам дека ќе продолжам да освојувам титули во Мадрид“, изјави Бејл во обраќањето пред учесниците на „Сантијаго Бернабеу“.
Бејл, кој во Реал Мадрид дојде во 2013 година, изјави дека во клубот поминал три фантастични години, иако било тешко да се навикне на фудбал надвор од Островите. Тој истакна дека имал лоши денови, лоши искуства, но и убави.
„Имаме постигнато многу успеси и не сакаме да запреме. Сакам да освоиме повеќе титули заедно“, изјави Бејл, кој додаде дека игра во најдобриот клуб во светот.
Според него, доаѓањето во Реал Мадрид беше правилна одлука.
„Тоа е клуб кој може да им одговори на моите желби“, додаде Бејл.