Dejan Maksimoviç
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во 19:15 часот во Ѓаковица, во третото коло од групата "1" од квалификациите за Светското првенство во Франција 2017 година, ќе се состане со домашната селекција на Косово. Во овој меч босанско-херцеговскиот тим влегува како апсолутен фаворит за што е свесен и еден од најискусните репрезентативци, Мирсад Терзиќ, пишува Anadolu Agency (AA).
„Вчера одработивме тренинг во салата во Ѓаковица која беше доста ладна, па немавме најдобри услови за работа. Но, завршивме голем дел од работите кои селекторот Драган Марковиќ ги планираше. Доста играчи се многу изморени, бидејќи по паузата од десет дена веднаш патувавме за Бар и игравме тест натпревар со Црна Гора која веќе дваесетина дена е во полн тренинг процес. Веднаш после тоа со автобус отпатувавме за Ѓаковица, така да заморот нависта се чувствува. Меѓутоа, се надевам дека тоа нема да ни создава проблеми против Косово" , вели Терзиќ за Anadolu Agency (AA) i nastavlja:
„Искрено, никого не го сфаќаме лесно, па ни Косово. Одиме на нив како да се најсилен можен противник, а не дебитант во квалификациите. Така е во нашите глави, а како ќе биде на паркетот ќе видиме. Без оглед на се, мислам дека не би смееле да имаме проблеми да го совладаме Косово и во двата натпревари."
Во салата во Ѓаковица се очекуваат околу три илјади домашни навивачи и добра атмосфера која ќе биде ветер во грб на косовските играчи. Солидната партија пред два дена во Бар против Црногорците кои се во последната фаза на подготовките за ЕУРО 2016 е доволна причина за оптимизам во босанските редови.
„Загубивме 26:30 што и не е некој добар резултат, посебно кога ќе се земе в предвид како игравме. Одевме на ривал кој е уигран и кој е во оптимална фаза за Европското првенство. Одлично се носевме, но не чинеше токму заморот кој го спомнував. Непотребно губевме топки и правевме почетнички грешки во одбраната кои не смеат да и се случуваат на репрезентација од наше реноме. Да игравме во некој друг момент мислам деќа би ги победиле Црногорците. Во секој случај не беше тоа така лош тест каков што мислевме. Ако одиграме на тоа ниво и ги намалиме беспотребните грешки, тогаш Косово ќе нема што да бара против нас" , заклучи Терзиќ во своето јавување од Ѓаковица.
Босанските ракометари и стручниот штаб наидоа на одличен прием од страна на домаќинот.Можат да се фокусираат на она што вечерва ги чека на паркетот.
По два одиграни кола БиХ има три бода и го дели првото место со Литванија. Ги следи Словачка со два, додека Косово е последно со четири. Следниот натпревар босанскиот тим ќе го игра на 9 јануари повторно со Косово во Тузла.
Во бараж за Светското првенство во Франција ќе се пласираат само првопласираните селекции од шест квалификациски групи. На нив ќе им се прикчучат 12 репрезентации од ЕП, кои од 15 до 31 јануари ќе играаат во Полска. Натпреварите за бараж се на распоред за јуни оваа година.