Fatih Erel
24 Септември 2023•Ажурирај: 25 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Актуелниот шампион, Макс Верстапен, ја продолжи доминацијата во Формула 1 со победата на трката за Големата награда на Јапонија која се одржа ова утро на патеката Сузука, известува Анадолу.
Феноменалниот возач на Ред Бул Верстапен тргна од стартната позиција и по 53 круга прв ја мина целната линија.
Второто место го освои Ландо Норис од Мекларен, а третопласиран на денешната трка е неговиот тимски колега, Оскар Пиастри.
Ова е 13. победа на Верстапен оваа сезона, со која ја загарантира победата на Ред Бул меѓу конструкторите.
Верстапен со оваа победа има 400 бодови и се наоѓа на првата позиција на овогодинешниот шампионат во Формула 1. Второпласиран е Серхио Перез со 233 бода, додека Луис Хамилтон е на третата позиција со 190 бода.
Следниот натпревар во Формула 1 е трката за Големата награда на Катар, која ќе се одржи на 8. октомври.