Bakir Tiro
14 Февруари 2017•Ажурирај: 14 Февруари 2017
САРАЕВО (АА) - Со натпреварот меѓу Бенфика и Борусија Дортмунд во Лисабон и ПСЖ и Барселона во Париз, вечерва ќе започне осминафиналето на Лигата на Шампионите, јавува Anadolu Agency (AA).
Двата натпревари ќе се одиграат во 20:45 часот, додека во првите средби во осминафиналето од утре, 15 февруари, силите ќе ги одмерат Реал Мадрид - Наполи и Баерн - Арсенал.
Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Монако ќе се сретнат на 21 февруари, еден ден подоцна, Порто ќе биде домаќин на Јувентус, додека пак Севиља на Лестер.
Реваншот на осминафиналето ќе се одигра на 7, 8, 14 и 15 март. Ждрепката за четвртфиналето е на 17 март.
Титулата победници од минатата сезона ќе ја брани Реал Мадрид.