Yunus Kaymaz
09 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ИСТАНБУЛ
Американската тенисерка Серена Вилијамс, поради оштетување на теренот е казнета со 10.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е третиот тениски Гренд слем турнир Вимблдон, на кој 37-годишната Американка Вилијамс е во трка по својата 8. титула. Во текот на тренингот на помошните терени, Вилијамс со тенискиот рекет го оштети тревниот терен, поради што е парично казнета со 10.000 долари.
Во четвртото коло од турнирот, Вилијамс со 2:0 (6:2, 6:2 по сетови) ја совлада Шпанката Карла Суарез Наваро и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон.
Организаторите на турнирот со 3.000 долари го казнија Италијанецот Фабио Фоњини, поради користење на негативни искази во натпреварот од третото коло, кога беше елиминиран од Американецот Тенис Сандгрен со 3:0 (6:3, 7:6, 6:3).