Ayşe Sarıoğlu
11 Февруари 2017•Ажурирај: 12 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 17 лица загинаа, а стотици се повредени во стампедото што се случи на фудбалскиот стадион во градот Уиге, во југозападниот дел на африканската држава Ангола, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува Би-Би-Си, голем број фанови во северниот град на Ангола, Уиге, дошле на стадионот за да го гледаат натпреварот, а во стампедото што се случил на влезот на стадионот загинаа 17 луѓе.
Беа повредени стотици луѓе, од кои пет се потешко повредени.
Според очевидците, стампедото се случи откако голем број фанови се обиделе да влезат на стадионот, кој има капацитет од 8.000 гледачи.
Во соопштението од фудбалскиот клуб Рекреативо де Либоло, кој беше домаќин на натпреварот, беше наведено дека стампедото е најтрагичниот настан во историјата на фудбалот на Ангола.
Претседателот на Ангола, Жозе Едуардо дос Сантос побара истрага во врска со случајот.