Ercan Doğan
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот великан Галатасарај и официјално потврди дека ја прекинува соработката со хрватскиот тренер Игор Тудор, јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на турскиот клуб се состана утринава, за да разговара околу статусот на Тудор.
По состанокот тие издадоа соопштение во кое се вели дека го раскинале договорот со хрватскиот стручњак.
„На состанокот на Управниот одбор едногласно одлучивме да ја прекинеме соработката со тренерот Игор Тудор и со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на Галатасарај.
Тудор неодамна го донесе Галатасарај на врвот на Суперлигата, но набргу потоа постигна бројни порази во решавачките натпревари, додека во неделата го преживеа поразот од Јени Малатјаспор со резултат 2:1.
Во својата досегашна кариера ги има тренирано Хајдук Сплит, ПАОК, Карабукспор и Галатасарај.