Elvır Hodzıc
24 Јуни 2024•Ажурирај: 25 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Со натпреварите од последното коло во групата А започна завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2024 што се одржува во Германија. Меѓу најдобрите 16 селекции на Стариот Континент од групата А се пласираа селекциите на Германија и Швајцарија, известува Анадолу.
Во исклучително интересен натпревар меѓу репрезентациите на Германија и Швајцарија, кој се одигра во Франкфурт, Швајцарците поведоа со голот на Дан Ндоје во 29. минута. Германија успеа да го изедначи резултатот на 1:1 во последните моменти од средбата со погодокот на Никлас Филкруг.
Со овој резултат Германија е прва во групата А со 7 бода. Втора е Швајцарија со 5 бода.
Во вториот натпревар од оваа група во Штутгарт се сретнаа селекциите на Шкотска и Унгарија.
Унгарците во неверојатна завршница, во судиското продолжение, 90 + 10 минути, дојдоа до победа со погодокот на Кевин Чобот и го зазедоа третото место во групата со три бода и се надеваат дека ќе бидат една од четирите најдобри третопласирани репрезентации на првенството од шесте групи.
Шкотска е последна во групата А со 1 бод.