Bedrudin Brljavac
15 Јуни 2024•Ажурирај: 16 Јуни 2024
МИНХЕН (АА) - Фудбалерите на домашанта селекција на Германија на отворањето на Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024) ја совладаа Шкотска со резултат 5:1, известува Анадолу.
На преполната „Алианц Арена“ во Минхен започна 17. по ред Европско фудбалско првенство, на кое селекцијата на домаќинот на самото отворање запиша убедлива победа.
Германија поведе со голот на Флоријан Вирц во 10. минута, а потоа во 19. минута предноста на 2:0 ја зголеми Џамал Мусиала. Во судиското продолжување на првото полувреме, 45+1 минута, со удар од белата точка, Каи Хаверц го зголеми водството на Германија на 3:0.
Во второто полувреме Германија водството го зголеми на 4:0 во 68. минута со погодокот на Никлас Филкруг. Селекцијата на Шкотска резултатот го налами на 4:1 со автоголот на Антонио Ридигер. Германија продолжи со својот притисок на голот на Шкотска и во судиското продолжение 90+3 минута германскиот репрезентативец од турско потекло, Емре Џан, постигна гол за водство од 5:1, што е и конечен резултат на средбата.
Шкотска од 44. минута играта ја продолжи со играч помалку бидејќи Рyан Портеоус поради фаулот што го направи во шеснаестерецот, по препорака на судиите од ВАР собата беше досуден удар од белата точка и црвен картон за шкотскиот репрезентативец.
Денеска стартува полната програма на ЕВРО 2024 со три натпревари дневно. Унгарија и Швајцарија од групата А својот дуел ќе го играат во 15:00 часот. Во 18:00 часот следи средбата меѓу Шпанија и Хрватска, репрезентации од групата Б, а од истата група, со почеток во 21:00 часот се среќаваат Италија и Албанија.
Европското првенство во фудбал (ЕВРО 2024) се игра од 14 јуни до 14 јули во 10 градови на Германија, а токму земјата домаќин е сопственик на голем број рекорди на европските првенства. Германија и Шпанија имаат освоено најголем број шампионски титули на ЕП. Двете селекции по трипати беа прваци на Европа.