Doğa Kırmızıoğlu
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
МАДРИД (АА) - Шпанецот Дани Цебаљос, фудбалер на Реал Мадрид, ќе мине уште една сезона како позајмица во Арсенал, соопшти англискиот премиерлигаш, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Арсенал се наведува дека 24-годишниот Цебаљос, кој и претходно играше за лондонскиот клуб, ќе биде на позајмица во тимот уште една сезона.
Цебаљос одигра добра сезона во дресот на Арсенал и значително придонесе за резултатите во 37-те настапи за овој клуб.
Тој настапи и на девет натпревари за репрезентацијата на Шпанија.