Emre Doğan
25 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ
Двајца фудбалери на турскиот прволигаш Бешикташ се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), соопштено е од клубот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет страницата на клубот, се наведува дека тестирањето на сите фудбалери, стручниот штаб и вработените на комплексот БЈК Невзат Демир на коронавирус е извршено на 24 јуни.
„Резултатите на тестовите покажаа дека двајца фудбалери се позитивни на Ковид-19. Веднаш се покренати процедури во врска со следење на третманот на фудбалерите чии тестови биле позитивни", се наведува во соопштението од клубот.