Hilmi Sever
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Хилми Север
Денеска со два натпревари започнува осминафиналето на Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според шемата А1-Б2 и Ц1-Д2, денеска на програмата се осминафиналните натпревари Уругвај - Португалија и Франција - Аргентина.

Репрезентациите на Франција и Аргентина се среќаваат по 12. пат. Натпреварот е закажан за 16:00 часот и ќе се игра на стадионот „Казањ Арена“ во Казањ.
Репрезентациите на Уругвај и Португалија ќе се сретнат по третпат во својата фудбалска историја. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Фишт“ - Сочи, со почеток во 20:00 часот.
- Аргентина со подобар скор во досегашните средби
Во меѓусебните дуели меѓу репрезентациите на Франција и Аргентина, предност имаат Јужноамериканците.
Во досегашните 11 средби, од кои 2 официјални и 9 пријателски натпревари, Аргентина извојува 6 победи, Франција 2, а 3 натпревари завршија нерешено.
Аргентина успеа да постигне 12, а Франција, 7 погодоци.
- Трета средба на светските првенства
Франција и Аргентина по третпат се среќаваат на светските првенства.
За првпат на СП овие репрезентации се сретнаа во далечната 1930 година во Уругвај. Аргентина успеа да ја победи Франција со 1 : 0 (0 : 0).
Втората средба се случи по 48 години, на Светското првенство во Аргентина, 1978 година. И во овој натпревар Аргентина извојува победа од 2 : 1.
- Франција го игра својот 63. натпревар

Франција, која се посочува како еден од фаворитите на СП Русија 2018, по 15. пат учествува на едно светско првенство. Франција како домаќин на СП 1998 година, успеа да стане светски фудбалски шампион.
По освојувањето на титулата, Франција не успеа да ги мине четвртфиналните натпревари на следните четири светски првенства. На последната листа на фудбалски репрезентации се наоѓа на 7. позиција. Во досегашните 62 натпревари, Франција извојува 30 победи, 13 пати одигра нерешени и на 19 пати ги загуби натпреварите. Постигна 109, а прими 72 погодоци.
- Аргентина го игра својот 81. натпревар

Репрезентацијата на Аргентина, со 17 учества, е една од најискусните на светските првенства.
Аргентина, која на двапати успеа да стане светски шампинон, победувајќи на Светското првенство 1978 година во Аргентина и на Светското првенство 1986 година во Мексико, посакува на СП Русија 2018 по третпат да се стекне со титулата „Светски шампион“.
На светските првенства Аргентина досега одиграла 80 натпрвари, извојувајќи 43 победи, 15 нерешени и 22 порази. На овие натпревари оваа јужноамериканска репрезентација успеа да постигне 134 и да прими 89 погодоци.
- Меѓусебни дуели на Уругвај и Португалија
Овие две репрезентации се среќаваат за првпат по 46 години. Официјално, ова претставува прв натпревар меѓу овие две репрезентции на светските првенства. Првата средба е пријателски натпревар, на 26 јуни 1966 година во Лисабон, во кој победи Португалија со 3 : 0, а последната средба се одржа на 2 јули 1972 на бразилскиот Куп на независност. Средбата заврши нерешено 1 : 1.
- Уругвај ќе го игра својот 55. натпревар

Уругвај по 13. пат учествува на светските првенства. Уругвај на двапати успеа да стане светски шампион. Првиот пат во 1930 година како домаќин и вториот пат во 1950 година на Првенството во Бразил. Репрезентацијата на Уругвај досега одигра 54 натпревари на светските првенства. На 23 пати излезе како победник, на 12 пати одигра нерешено, а 19 пати претрпе пораз. Во овие натпревари постигна 85, а прими 71 погодок.
- Португалија го игра својот 30. натпревар

Португалија по 7. пат учествува на светските првенства, 5. пат едноподруго. На светските првенства одигра 29 натпревари. Португалија на овие 29 натпревари има статистика од 14 победи, 6 нерешени и 9 порази. На овие натпревари постигна 48, а прими 33 погодоци.